
Есенски музички свечености „БА- РОК“ Концерт
Членовите на ансамблот „БА- РОК“ својот прв заеднички настап го имааа на Мајски Оперски Вечери 2021година во продукција на Национална Опера и Балет со претставата „ Игри на животот“ на која се изведе музика исклучиво од Барокот. Од таму произлезе идејата да продолжиме да дејствуваме како ансамбл негувајќи ја Барокната музика, имајќи ја во предвид раритетноста на изведување на ваков музички стил во Северна Македонија. Самата комплексност на Барокниот стил, бара од изведувачите голема виртуозност и висок професионализам, што е одлика на сите членови од ансамблот.Секој член на ансамблот е солист во оркестарот, нашите пејачи се носители на главни улоги во повеќето оперски претстави на сцената на НОБ. Предводени од нашиот диригент Маестро Иван Еминовиќ кој ја зазема и позицијата на чембалист во ансамблот и добро организирани од страна на професионален режисер се стремиме да ги достигнеме светските трендови и критериуми за изведба на исклучителен Барокен перформанс, преку пристапот и начинот на изведба ќе се обидеме да го воздигнеме програмското и изведувачко ниво, а со тоа , да понудиме можност и да разбудиме интерес кај публиката за градење на свој вкус и категоризација на уметноста со високи вредности.
Климент Тодоровски, Јане Бекевски – Виолини
Марија Георгиева – Виола
Кирил Јосифов – Виолончело
Митко Иванов – Контрабас
Марија Јакимовска – Флејта / пиколо
Татијана Петрушевска , Ѓорѓи Петрушевски – Обои
Марјан Милошевски – Фагот
Теодор Теодосиевски – ударалки
Пеачи: Биљана Јосифов-сопран
Николина Јаневска – мецосопран
Драган Ампов – Баритон
Диригент/чембало – Иван Еминовиќ
Режисер: Љупка Јакимовска