info@karti.com.mk

Електрични оргазам

јуни

24

700 мкд

20:00

Стадион АРМ

Известување од Авалон Продукција

Авалон Продукција продолжува со ширење позитивизам во ова време кое е непријатно за сите нас.

Како што ви најавивме, мартовските концерти коишто моравме да ги одложиме поради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови дати, а концертот на култните Електрични Оргазам ќе има и нова локација.
Па така, ве информираме дека славеничкиот концерт на “Оргазам” се одлучивме да го направиме на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Скопје Гори на кој ќе настапат легендарните Placebo.
Електрични Оргазам ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.
Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни.

Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето.

Elektricni Orgazam

„40 ГОДИНА ОРГАЗМА“ И ВО СКОПЈЕ: СЛАВЕНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ!