info@karti.com.mk

Techstars Startup Weekend Bitola

Септември

11-13

600-1000 мкд

18:00

Офицерски дом, Битола

Имаш идеја за апликација, дигитален производ или нов бизнис? Сакаш да запознаеш луѓе со кои можеш да ја развиеш и да видиш колку далеку може да стигне за само 54 часа? Од 11 до 13 септември, за прв пат во Битола, ќе се одржи Techstars Startup Weekend Bitola. Станува збор за глобален настан организиран во 159 земји, во кој досега учествувале повеќе од 430.000 млади претприемачи. Во текот на викендот ќе можеш да ја презентираш својата идеја или да се приклучиш на друг тим. Заедно ќе ја проверувате идејата со потенцијални корисници, ќе развивате бизнис модел и ќе создадете прва верзија на производот. На крајот ќе имаш можност да ги презентираш своите решенија пред жири составено од претприемачи, инвеститори и претставници на македонскиот стартап екосистем, а во текот на трите дена ќе имаш можност да запознаеш ментори, инвеститори, компании и луѓе кои можат да ти помогнат со знаење, контакти и насоки за понатамошен развој на идејата. Настанот е наменет за студенти, програмери, дизајнери, претприемачи, фриленсери, млади професионалци и сите што сакаат практично да научат како се развива стартап.

Techstars Startup Weekend Bitola е организиран од Qworkingo - Coworking Space Bitola и Qodix. Повеќе информации: https://swbitola.com/