info@karti.com.mk
Света Софија е една од најимпресивните средновековни градби во Охрид. Црквата е еден од најдобрите претставници на македонската верска архитектура. Со текот на времето кога Македонија била дел од Отоманската империја, црквата била претворена во џамија и фреските биле покриени, со што и успешно се зачувувале за идните генерации. По Втората светска војна, црквата била обновена и фреските кои датираат од византискиот период (11-ти-14 век) биле откриени и исчистени. Бидејки е благословена од градителите со беспрекорна акустика, црквата Света Софија и предворјето се често домаќини на фестивалот Охридско лето.