info@karti.com.mk

Два пати Мери

Два пати Мери е интердисциплинарен проект кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија. Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа трансформација. Целиот перформанс е инспириран од Македонски (и Балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат “мудроста” од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни. Перформансот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка преку СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан.