info@karti.com.mk

DURAN DURAN

Јули

02

2990 - 6000 мкд

21:00

Арена Борис Трајковски, Скопје

Duran

 

YES, IT'S HAPPENING:

 

НЕПРИКОСНОВЕНИТЕ DURAN DURAN СО ЕКСКЛУЗИВНО АРЕНА ШОУ ВО СКОПЈЕ!

 

2 ЈУЛИ

АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

21 ЧАСОТ

 

Делува неверојатно фактот дека во моментот кога се најголеми и најпопуларни ширум светот кога е овој век во прашање (концерт во "Hyde Park" - Лондон со 80.000 посетители, големи арени ширум светот, големи фестивали низ целата планета), Duran Duran ќе свират и во Скопје, во Арена Борис Трајковски... ама, ДА - и тоа се случува ова лето!

 

Задоволство ни е да ви најавиме дека без конкуренција најголемиот рокенрол концерт оваа сезона во Македонија ќе се случи на 

2-ри јули во Скопје со сигурно најфраерскиот бенд на светот на сите времиња - кој е истовремено и "iconic" и супер модерен и денес!

 

Покрај името и кариерата на Duran Duran стојат многу епитети: безброј хитови, #1 албуми, стадионски концерти и многу повеќе. 

 

Но, според нас, нивната најголема вредност е фактот што и ден - денес, сè што прават звучи и изгледа револуционерно, како да е баш од денес.

 

Со глобални класици како "Hungry Like the Wolf", "Rio", "Come Undone" "Girls on Film", "Ordinary World", "Notorious"... до нивното најново издание "Danse Macabre", со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук ширум светот и кариера што се протега повеќе од четири децении, Duran Duran остануваат еден од највлијателните и најтрајните состави во современата музика. 

 

Примени во Rock & Roll Hall of Fame во 2022 година, бендот е добитник на бројни меѓународни награди и продолжува да настапува како хедлајнер на најголемите фестивали ширум светот.