ДУПЕР + гости за прв пат во Скопје – Станица 26!
Урбаната скопска приказна позната како ДУПЕР конечно ќе биде музички раскажана на 22.11.2025г.во Скопје, за прв пат во клубот СТАНИЦА 26.
Скопје ќе ужива во одличен перформанс, многу енергија и позитивни вибрации.
Очекувајте ги сите нивни најголеми безвременски хитови што ја освоија публиката на национално ниво преку ноќ. Евергрини од калибарот на „Не сум твој тип”, „Ние сме 2″, „Тело за на ТВ”, „Пробај да ми бидеш“, „Некажано’’, и уште многу други.