dm bring your best friend: Уникатно женско дружење во Маврово со една влезница за две другарки
Два дена женско дружење, разговори за теми што навистина се важни, нови искуства, движење, креативност, релаксација и многу забава – сето тоа во срцето на Маврово. Од денес, 25 август, започнува продажбата на влезниците за настанот „dm bring your best friend“, уникатното дводневно доживување што dm drogerie markt го организира на 26 и 27 септември во хотелот Grand Chamois во Маврово.
А бидејќи убавите моменти се уште поубави кога се споделуваат, секоја учесничка е поканета да ја поведе својата најдобра пријателка. Една влезница чини 5.990 денари и важи за две лица.
„dm bring your best friend“ носи два дена исполнети со програма која ги спојува стручните предавања со практични и креативни активности, но остава простор и за одмор, уживање и дружење. Идејата е жените да излезат од вообичаеното секојдневно темпо и да поминат време во средина во која токму нивното здравје, благосостојба и интереси се во центарот на вниманието. Целата програма е осмислена да понуди баланс помеѓу едукација, оснажување и време посветено на себе.
Покрај сите предавања, работилници, активности и незаборавни моменти, секоја посетителка ќе добие и ексклузивен goodie bag исполнет со производи од одлични брендови: Neutrogena, Purito , bioten, MAX FACTOR, RIMMEL, AURA, BOURJOIS, CATRICE, essence, flormar, CURAPROX, hello smile, Rexona, Violeta, Batiste, WILKINSON, BOROTALCO, Geek&Gorgeоus, it’s a 10, JAWHARA, KATIVA, MALENA SUPLEMENTS, O’KEEFFE’S ,MyHOCL, ORGANIC MiMi, Balea, alverde, ebelin. Затоа што на dm bring your best friend настанот, dm сака секоја жена да се чувствува посебно од првата до последната минута.
Погледнете ја целата агенда тука: Агенда за dm bring your best friend
За 5.990 денари, една влезница важи за две лица, а во цената се вклучени едно ноќевање, сите оброци предвидени со агендата, учеството на сите работилници и активности, како и организиран превоз. За оние кои ќе пристигнат со сопствен превоз е обезбеден и паркинг.
Побрзајте и резервирајте си го вашето место навреме. Местата се ограничени!
По купување на картата, во наредните денови ќе добиете мејл со анкета, во која ќе треба да одговорите за кого е купена картата и дали имате потреба од организиран превоз.