🎤 DisruptHR Skopje 4.0
📍 Хотел Мериот | 🗓️ 29.04.2026 | 🕕 17:30
DisruptHR Skopje се враќа по четврти пат и овој пат се селиме во Хотел Мериот.
Храбри говорници.
5 минути по говорник.
Идеи што провоцираат, отвораат дилеми и носат вистински разговори за иднината на работата.
Како и секогаш: без класични панели, без долги формалности, без утрински сесии. Почнуваме во 17:30, продолжуваме со пијачка во рака и завршуваме со afterparty што традиционално ги спојува најгласните дебати.
🖤 Disruptor Pass – 1.490 МКД
За луѓето што сакаат нови идеи, искрени разговори и малку професионално „размрдување“ на комфорната зона.
Со Disruptor Pass добиваш пристап до целата програма, заедницата и атмосферата по која DisruptHR е препознатлив.
🔥 Disrupt the Whole Team – 3+1 гратис (4.470 МКД)
Затоа што DisruptHR најдобро се доживува во група.
Купуваш 3 Disruptor Pass билети, добиваш 1 гратис.
Совршено за HR тимови, лидери и менаџерски екипи што сакаат заедничко искуство, а не само индивидуална инспирација.
Дојдете како тим.
Слушнете ги истите идеи.
Дискутирајте ги следниот ден во канцеларија.
Disrupt the Whole Team пакетот е ограничен и достапен додека трае промоцијата.
Се гледаме на 29 април во 17:30, во Хотел Мериот.