info@karti.com.mk

Dino Merlin

декември

27

1550-4350 мкд

20:00

Арена Борис Трајковски

*ВИП барските маси се продаваат во пакет од 6 билети*

Дино Мерлин

Дино Мерлин, еден од омилените кантавтори на нашите простори и музичар кој стекна легендарен статус со својот глас, вонвременските хитови, незапирливата сценска енергија и незаборавните концерти, оваа зима пристигнува во Скопје, а состанокот со својата публика го закажа во среда, 27 декември во Арена Борис Трајковски.

Публиката е воодушевена, социјалните мрежи се разгореа со коментари, сите сакаат да бидат дел од концертната турнеа „Mi“ која ги руши сите рекорди во регионот. 

Од година во година неговите концерти го подигнуваат прагот на продукциските стандарди и бројот на посетеност. 

Покрај најновите хитови и омилените песни од неговата богата четириесет годишна музичка кариера, публиката ќе има прилика премиерно да ги слушне некои од добро познатите хитови, ама во потполно ново издание. Додека пак визуелната естетика, специјалните сценски ефекти и највисоките продукциски стандарди ќе придонесат за врвната музичка магија по која се препознатливи неговите концерти.

Ве покануваме на 27.12 да бидете дел од незаборавното шоу и ноќ за паметење заедно со музичкиот магионичар Дино Мерлин