info@karti.com.mk

Даворин Боговиќ

август

17

200 мкд

20:00

Ракометно игралиште - Битола

Даворин Боговиќ

Даворин Боговиќ екс „Прљаво Казалиште“ на 17-ти август во Битола ќе го донесе својот црно-бел свет. Првиот вокал и еден од основачите на еден од најпопуларните поп-рок состави во поранешна Југославија, загрепско „Прљаво Казалиште“ за првпат ќе одржи концерт во Македонија и тоа ексклузивно во Битола. „Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet“ се стиховите со кој Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста. Даворин и Боговичи на задоволство на сите ќе ги отпеаат хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „ Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“, „Ne zovi mama doktora“, „Uzalud vam trud svirači“, “Kishe Jesenje”, “Marina” и десетици други песни кои ги знаат неколку генерации од овие простори. Ве очекуваме на Ракометно, заедно да ги пееме најголемите хитови од почетоците на „Прљаво Казалиште“.