info@karti.com.mk

Д фестивал 2026

Јуни

26-28

1500-2300 мкд

12:00

Штип

Единствениот open-air фестивал во Македонија, Д Фестивал е тука по 16 пат за најубавата летна енергија и огромен бројни активности низ 72 часа: 4 музички сцени, камп зона, заедничко гледање на Светско првенство во фудбал, базар зона, зона за невладини организации, стенд ап и театар, катче за ментално здравје...

Досега објавени артисти:
BORIS BREJCHA - Глобалната ѕвезда која преку најголемите светски фествали Tomorrowland, Coachella, Ultra Music Festival и најголемите клубови на Ибица доаѓа до сцената во Штип
IDLES - Британските панк-рок ѕвезди и еден од најважните live бендови на планетата во моментов!;
DESTRUCTION - Пионерите на Европскиот death metal - легендарен бенд со над 1000 концерти во својата кариера;
ТЕЛЕМАМА - прв настап во Македонија по 8 години на музичката дива;
КОIKOI - најпопуларниот Балкански рокенрол бенд во моментов со фронтменот Марко Грабеж познат по неговата улога во филмот Свадба;
SON ROMPE PERA - Мексиканските чудовишта на маримбата за безгрижно танцување на зајдисонце;