info@karti.com.mk

D festival

August

13-14

850 mkd

19:00

Dojran

Д фестивал 13-14

Д ФЕСТИВАЛ 2021

Официјално потврдено: ова лето ќе има Д ФЕСТИВАЛ! 🎉🎉🎉

Конечно сме во можност да ставиме крај на неизвесноста и по релаксираните мерки и без полициски час можеме да го закажеме #ДФЕСТИВАЛ2021 со нов датум на 13 и 14 август во Дојран! 📣💗🎶

Драги Д пријатели, неизвесноста со пандемиската состојба е секојдневен предизвик во цел свет поради кој нашите првично посакувани датуми за годинашното издание се нереални за продукција на настан како нашиот, но среќни сме дека конечно имаме услови да ја потврдиме новата Д-дружба! Веќе доволно бевме разделени, а плус тоа ова лето означуваме и цела деценија од нашата прва средба.

Сите детали ќе ги објавиме многу скоро и почнуваме веднаш. Бидејќи приоритет сте ни токму вие, посетителите на Д Фестивал, оваа информација ја објавуваме прво тука, а потоа на сите наши останати комуникациски канали.
Ви благодариме за трпението во сета неизвесност! 💝

Време е повторно заедно да создадеме цел еден поубав свет на Д