info@karti.com.mk

На Family Day на Д Фестивал 2019 се нашите драги пријатели Петко, Цветко, Лина, Комшо од телевизиската серија „5+ Фамилија“. Програмскиот концепт е проширен со шоуто „Некој овде не е нормален“ на Дарко Ѓурчиновски, кое претставува фузија на балкански фолклор и циркуски елементи. На истата сцена ќе застане и младиот магионичар Kristian Shopov, кој сака да сади дрвја и да биде опкружен со деца што знаат да се радуваат на илузии. Магии, илузии, акробации и што ли уште нè пристигнува ова лето на Д-Фиеста!

D festivalДатумот за 9-тиот Д Фестивал е закажан и време е да го разбудите фестивалскиот дух, многу новости се пред нас… Од 12-ти до 14-ти јули, повторно се собираме во Дојран за единствената вистинска фестивалска авантура кај нас!


ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕДНОДНЕВНИ БИЛЕТИ:

Цената на влезницата за еден фестивалски ден е 400 денари, а со неа купувачите добиваат пристап до сите бини, односно за целосната програма во текот на денот за кој се купува влезницата (од 11:00 до 11:00 наредниот ден). Со еднодневна влезница НЕ следува кампување.