CONSPIRACY – Прв самостоен концерт во МКЦ
По објавувањето на вториот албум „Заговор“ и успешната летна турнеја, Conspiracy со гордост го најавува првиот самостоен концерт во МКЦ – Скопје, на 31 октомври. На оваа специјална вечер, заедно со нас ќе настапат скопскиот панк/стрит панк бенд Последен Удар, познати по своите изданија „Не сме како вас“ и „Сега и засекогаш“, како и Стефан Петановски – гитарист и продуцент, автор на албумите „Architect of Reality“ и „Eros“. Наши почесни гости ќе бидат Шпирт и Црни од легендарниот Sanatorium – едно од највлијателните имиња на македонската метал сцена.
● Early Bird (првите 100 карти) → 300 ден.
● Редовна цена → 400 ден.
● На врата → 500 ден.
СПЕЦИЈАЛНО КОМБО:
Влезница + T-Shirt + CD „Заговор“ → 1200 ден.