CHRISTMAS IN NEW YORK
Организатор на настанот: Македонска Филхармонија
Од Централ до Батери парк, од Хадсон до Ист ривер, највибрантниот град на светот е вечна инспирација за многу музичари. По минатогодишниот успех на „One night in America“, овој декември Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) ве носи на „Божик во Њујорк“, вечер посветена на најпопуларните американски поп и џез композиции поврзани со новогодишните и божикни празници во изведба на Здружението на џез музичари (ЗЏМ).
Уживајте во звуците Френк Синатра, Бинг Крозби, Арета Франклин и многу други на нашиот втор добротворен концерт кој ќе се одржи во Македонската филхармонија на 15 декември 2018 /сабота/ од 20 часот.
МААА ве поканува да поминеме заедно уште прекрасна и незаборавна вечер, истовремено помагајќи им на оние на кои им е најпотребно.
Диригент : Џијан Емин
Солисти : Ирина Карамарковиќ и Џон Илија Апелгрен