info@karti.com.mk

Целовечерен концерт на Дуке, Крсте и Исмаил

февруари

16

1200-1800 мкд

19:30

Филхармонија

Целовечерен концерт на Дуке, Крсте и Исмаил

Голем концерт на нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на Македонската Филхармонија! Нивниот целовечерен концерт ќе се одржи на 16 февруари со почеток во 19:30 часот, а на програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во едно ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба.

Извонредниот талент на тројцата врвни претставници на македонската музика одамна ја има својата потврда на светската сцена, а имињата на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски се запишани и зад едни од најраскошните, маестрални концертни доживувања кај нас. Покрај меѓународниот успех и соработки, како музички уметници и автори, нив ги поврзува безвременоста на музиката која ја создаваат со фантастичен сензибилитет и оригиналноста во нивните беспрекорни изведби.

Концертот се реализира со спонзорство од Комерцијална Банка и медиумска поддршка од Футура 2/2, Антена 5 Радио и Македонска Радио Телевизија.