info@karti.com.mk

CANNIBAL CORPSE

јуни

18

1000 мкд

19:00

МКЦ

CANNIBAL CORPSE

 

За секој од поголемите светски бендови секогаш може да се напише дека во нешто се пионери, дека се најдобри и најголеми и да им се залепат уште многу епитети. Меѓутоа ретки се бендовите за кои тоа вистински важи.
Cannibal 'fucking' Corpse се бенд од првата петорка на американската death metal школа од крајот на 80тите и почетокот на 90тите години, Бенд кој буквално измисли свој правец, кој никогаш не застрани и кој инспирираше и сеуште инспирира нови генерации од целиот свет да свират Cannibal рифови.
Предводени од виртуозот на бас гитара Alex Webster, машината за рифови Rob Barret и буквално вистинскиот звер на микрофон George 'Corpsegrinder' Fisher, Cannibal Corpse повеќе од 30 години се неприкосновени во металскиот свет.
Со 14 студиски албуми позади себе и десетици други изданија, секако важат за еден од најкреативните бендови на глобусов :) и буквално секој обид да се издвои некој албум или песна како хит би бил залуден.
Red Before Black е нивниот последен опус кој летово ќе го презентираат низ Европа, и конечно за прв пат ќе свират и кај нас.
На 18ти јуни во Скопје, во МКЦ испишуваме нова страница во македонската метал историја!