info@karti.com.mk

Наслов

Ноември

21

1600-1900 мкд

20:00

Македонска Филхармонија

 

Божо Вреќо, најпознатата босанскохерцеговска ѕвезда на денешницата, на 21 ноември 2025 година доаѓа во Скопје каде што ќе настапи во Македонската филхармонија.

Вреќо е лирски тенор кој со својот ангелски глас ги испева најдлабоките емоции. Неговиот пристап е навистина катарзичен, трансверзален и уникатен, како што пишуваат светските медиуми како францускиот ARTE, американскиот New York Times и шпанскиот El Periodico.

Споменатите медиуми го нарекуваат и „икона на слободата, ангелски глас што ги милува душите и ги отвора срцата“. За неговата популарност и квалитет најдобро зборува фактот дека билетите за концертот кон крајот на минатата година во Сараево беа распродадени за само седум часа.

Вреќо пее за љубовта, копнежот и раздвоеноста, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој стих на Божо е како исповед и признание на љубовта, оттаму и магијата на неговите концерти. Тој соработува со особените уметници од светски глас со кои има напишано и нови севдах текстови што неговата сè побројна публика едноставно ги обожава, од „Лејлија“ па сè до „Саба“.

Божо Вреќо навистина се одликува со несекојдневен опус, бидејќи вредно работи на музиката и на истражувањето на балетот и операта, како и на документарни филмови за севдалинката, на која ѝ дава и свој авангарден придонес. Секако, ги проучува и мистичностите на балканската автохтона монофона и полифона музика.

Неговите концерти се вистински суфи транс кој во себе го носи севдахот во неговата изворна и целосно ослободена форма. Кај луѓето ги ослободува сите потиснати емоции и предизвикува солзи на концертите, како и некои натприродни енергии кои се прелеваат од човек на човек и заедно создаваат бран воодушевување, љубов и катарза.

Двојноста со која зрачи овој несекојдневен уметник го прави еден од најзначајните интерпретатори на модерниот карасевдах, кој жанровски навлегува и во сферите на џезот, блузот, спиритуалното и полифоното.