info@karti.com.mk

Bond

март

22

2000-3000 мкд

20:00

Филхармонија

Известување за одложените концерти на Авалон Продукција

Би сакале да ве информираме за одлуката на Авалон околу одложените концерти на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам, кои требаше да се одржат кон крајот на месец март.

1. Сите три концертни проекти се презакажани, а датумите Авалон ќе ги објави после 24-ти март, кога ќе биде познато во кој правец ќе се движи состојбата и кога ќе заврши Забраната за прекин на организирани јавни настани што ја донесе Владата.

2. Сите оние што имаат купено влезници за концертите на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам, истите ќе им бидат важечки и за новите датуми. Оние што нема да можат да присуствуваат на концертите, ќе можат да направат рефундација од продажните места од каде што ги имаат купено влезниците, од 26-ти март.

Eксклузивен концерт на најголемата гудачка женска светска атракција на сите времиња - BOND!

Почитувани пријатели,

Големо задоволство е да Ви го најавиме првиот голем светски концерт за 2020 година- Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња BOND доаѓа за прв пат во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија.

Квартетот BOND е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чиин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.

Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.

Од основањето на квартетот BOND па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.

Бидете брзи, ова е навистина уникатна можност да се видат BOND во току мал простор.

Одиме понатаму,

Авалон Продукција