info@karti.com.mk

Bond

септември

26

Важат картите од 21.03.2020 мкд

20:00

Филхармонија

Известување од Авалон Продукција
Ве информираме дека успеавме да обезбедиме нови три дати за концертите на британската гудачка атракција BOND, кои требаше да се одржат во март, но поради актуелната ситуација беа одложени.
Новите три дати за концертите се во месец септември и тоа: 25-ти, 26-ти и 27-ми, а локацијата останува иста, Македонска филхармонија.
Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња BOND има милионска армија на обожаватели низ целиот свет, а македонската публика ќе ги види за прв пат во Скопје со три последователни гала концерти.
Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за новите дати.

Да појасниме: оние што имаат набавено влезници за концертот на 20.03 билетите ќе им важат за концертот на 25.09, понатаму, влезниците за 21.03 ќе бидат важечки за 26.09 и на крај, влезниците за 22.03 ќе бидат важечки за концертот на 27.09.2020 година.
Во меѓувреме, останете во добро здравје и со позитивни мисли!

Eксклузивен концерт на најголемата гудачка женска светска атракција на сите времиња - BOND!

Почитувани пријатели,

Големо задоволство е да Ви го најавиме првиот голем светски концерт за 2020 година- Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња BOND доаѓа за прв пат во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија.

Квартетот BOND е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чиин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.

Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.

Од основањето на квартетот BOND па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.

Бидете брзи, ова е навистина уникатна можност да се видат BOND во току мал простор.

Одиме понатаму,

Авалон Продукција