+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



BASSEKOU KOUYATÉ & NGONI BA (MALI)

јуни

04

400 мкд

20:00

МКЦ



BASSEKOU KOUYATÉ & NGONI BA (MALI)

OFFEST 2019

 

Басеку Кујате е вистински мајстор и амбасадор на инструментот нгони, древна, традиционална лејта од Западна Африка. Во рацете на Басеку, овој навидум ограничен инструмент напредна толку многу што успеа да постигне поширок мелодиски опсег и прилагодливост, опфаќајќи ги западните стилови како џез, блуз и рокенрол, што го зацврсти неговиот статус на основач на  електричниот нгони, виртуоз и визионер. Поместувајќи ги границите на возможното кога е овој инструмент во прашање, Басеку отиде дури и подалеку во својата револуционерност, формирајќи го првиот нгони бенд, Ngoni ba, составен исклучиво од нгони инструменти со различна големина и тонален опсег. Денес, Bassekou Kouyate & Ngoni ba, во чиј состав членуваат неговата сопруга Ејми Сако (популарна африканска пејачка, често нарекувана „Тина Тарнер од Мали“) и синовите Маду и Мустафа Кујате, одржуваат редовни светски турнеи, со стотина концерти годишно, настапувајќи на реномирани фестивали како Fuji Rock во Јапонија, Roskilde во Данска, Northsea Jazz Festival во Холандија, па сè до Glastonbury и Latitude во Велика Британија. Откако се прослави со своите последни два албума кои се движеа повеќе во насока на рок музиката, Басеку Кујате се враќа со посуптилен и носталгичен албум. „Miri“ (сон, контемплација) е албум за љубовта, пријателството, семејството и вистинските вредности во кризни времиња.