Бајага и Инструктори
Вечното момче Момчило - Бајага и неговите „Инструктори“ се враќаат во Битола ова лето. На 17-ти јуни на Ракометно игралиште, еден од најбараните изведувачи во регионот ќе одржи “лекција“ за добра музика и уште подобра забава. Кој и да бил на барем еден нивен концерт знае дека следува незаборавна вечер и одлична енергија со најголемите хитови од супербогатата кариера на Бајага и Инструктори, бенд кој важи за класика на рокенролот а Бајага за крал на баладите. Следува уште една прекрасна вечер исполнета со безвременските хитови како „Зажмури“, „Са друге стране јастука“, „Плави сафир“, „Тишина“, „Моји другови“ и уште многу други евергрини кои ги знаат сите генерации a кои ќе се пеат на Ракометно на 17-ти јуни. За загревање на атмосферата пред концертот ќе биде задолжен битолскиот cover бенд The Groove.