info@karti.com.mk

Бајага и Инструктори

септември

13

700-1000 мкд

21:00

Стадион АРМ

НА БАЈАГА ВО ПРИРОДА!

35 ГОДИНИ БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ OPEN AIR 13.09.2020- СТАДИОН НА АРМ, СКОПЈЕ

 

 Драги пријатели,

Со огромно задоволство ви го најавуваме нашиот можеби најшарматнен проект за ова лето. После најавата на неколку концерти во Охрид, време е да се објави нешто ново и за Скопје.

Имено, неделата во која во Скопје треба да бидат Електрични Оргазам на 11-ти септември, потоа фестивалот SKOPJE CALLING (со Vini Vici, Mahmut Orhan, Djaikovski, Maurice West и Cyrillic) на 12-ти септември, ќе се заокружи со славенички концерт на култните Бајага и Инструктори, на најубавата локација во градот, стадионот на АРМ.

На капацитет од 15.000 посетители, ќе бидат пуштени само 4.000 карти во продажба за концертот на којшто Бајага и Инструктори ќе ги свират сите свои хитови од супербогатата 35 годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на легедарниот диригент Војкан Борисављевиќ.

Концертот на Бајага и Инструктори ќе трае три часа, а за гостите коишто ќе ја отворат вечерта и ќе настапат како предгрупа, ќе бидете дополнително известени.

Носењето на заштитни маски ќе биде задолжително за сите, без исклучок, согласно препораките и протоколите за одржување на јавни настани кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести за превенција од Ковид 19.

Со надеж дека ќе го спасиме летото.

Ваша,

Авалон Продукција.