info@karti.com.mk

BAB L’ BLUZ / DIZZY MANDJEKU & THE ODEMBA OK ALL STARS

јуни

10

600 мкд

22:00

МКЦ, Дансинг сала

BAB L’ BLUZ / DIZZY MANDJEKU & THE ODEMBA OK ALL STARS

BAB L’ BLUZ

Yousra Mansour - вокал, авиша, гимбри

Brice Bottin - гимбри, гитара, придружен вокал

Hafid Zouaoui - тапани, семплер, придружен вокал

Jérôme Bartolome - флејта, перкусии, придружен вокал

Bab L'Bluz

Директно од срцето на Магреб, Bab L’ Bluz (во превод: „порта на блузот“), го редефинираат традиционалниот северноафрикански блуз на нетрадиционален начин. Овој квартет, формиран во Маракеш во 2018 година, е инспириран од мароканските музички традиции, во комбинација со рок музиката, современите звуци и мароканскиот поп. Етикетирани како „психоделичен марокански рок бенд“, тие се истовремено древни и актуелни, традиционални и современи, фанки и ритмични, со моќни вокали и тешки бас грувови. Бендот го сочинуваат француски и марокански музичари, предводени од пејачката Јусра Мансур, што само по себе претставува критика на претежно машката традиција во мароканската музика. Јусра, која израснала во Ел Џадида, град-тврдина на атлантскиот брег на Мароко, била изложена на разновидни музички стилови, вклучувајќи ги оние на Џенис Џоплин, Уму Сангаре и Ерика Баду. Посетата на годишниот Gnawa Festival во блиската Есуеира придонесе да се вљуби во хипнотичкиот транс грув на гнава музиката. Јусра, која главно твори на мароканскиот јазик Дарија, третира актуелни и општествени теми во нејзините текстови. Првиот албум на групата, „Nayda!“, издаден од Real World Records во јуни 2020 година, претставува глобален конгломерат на звуци, од американска психоделија до индиски ситар рифови, од валкан фанк до класична арапска поезија. Албумот доживеа фантастичен прием од музичката критика: беше вброен меѓу најдобрите 10 world-music албуми на годината на списанието „Mојо“, како и во годишната листа на најдобри албуми на „Songlines“.

DIZZY MANDJEKU & THE ODEMBA OK ALL STARS

Dizzy Mandjeku - гитара

Toms Ntale - гитара

Malage de Lugendo - вокал

Lokombe N’Kalulu - вокал

Nana Akumu - вокал

Jomali Bolonge - бас гитара

Alonzo Nzau - тапани

Mukulu Muki - труба, вокал   

Dibwidi Didan - тенор саксофон    

dizzymandjeku

Гитаристот Дизи Манџеку е жива легенда на конгоанската румба. Пред да стане член на славниот оркестар OK Jazz на Франко Луамбо Макиади во 60-тите и 70-тите, Дизи веќе предводи неколку бендови, настапувајќи со бројни великани на конгоанската музичка сцена. Во тоа време, Дизи и Сем Мангвана ги оформија African All Stars. Оваа формација, предводена од Дизи, имаше големо влијание на глобално ниво. Под уметничкото раководство на Дизи, Orchester African All Stars International објави три албуми, кои се сметаат за вистински конгоански споменици. Музичкото наследство и културното значење на Франко Луамбо Макиади и неговиот бенд T.P.O.K. Jazz е огромно. Конгоанската румба од неодамна е прогласена за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Легендарниот оркестар на Франко беше извонредно влијателен, а неговиот оригинален стил во румбата стана познат како „Odemba“. По смртта на Франко, Дизи го презеде водството на бендот и стана незаменлив дел од музичката елита на Конго, стоејќи рамо до рамо со Папа Ноел, Папа Вемба, Тшала Муана и Веркис. Подоцна, по преселбата во Брисел, Дизи ги формира Odemba OK All Stars, негувајќи го уникатниот звук на традиционалната конгоанска румба. Во низата неодамнешни соработки, позначајни се оние со пејачите Валдемар Бастос, Сем Мангвана, Зап Мама, Милоу, Балоџи и Стромае.