+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



At the gates

декември

04

700 мкд

20:00

МКЦ



At The Gates во Скопје!

at the gates vo skopje - mkc taksirat terrorvoid promotions  

Terrorvoid Promotions и Taksirat 2.0.
At the Gates во Скопје!

Пред цели 22 години во Скопје се случи настан, кој придизвика комплетно лудило низ андерграундот во Македонија. За прв пат кај нас, дојдоа бендови кои беа дел од светската метал сцена и после чии концерти се збореше дека тоа нема никогаш да се повтори. Napalm Death и At the Gates! Поминаа многу години и многу бендови во меѓувреме дојдоа и свиреа во Скопје. Бендот се растури некое време после концертот и не свиреа скоро 12 години. Оваа година, на 4-ти декември At The Gates се враќаат во Скопје. Како едни од предводниците на Gothenburg melodic death звукот, бендот е еден од ретките кои се вистински култ на таа сцена. Мрачни, интелигентни и агресивни мелодии се дел од нивните главни карактеристики. Тие што пред 22 години бевме во МКЦ, ќе имаме можност да се вратиме во времето и пак да бидеме дел од концерт, кој ќе не освежи и за момент ќе ни го врати духот од тоа време. Тие што не биле и само слушале за тој култен концерт.... ова е можност да присуствуваат на испишување на уште една страница од метал историјата на Македонија.

 Организатор на настанот: Младински културен центар