info@karti.com.mk

Архангел - 30 години љубов

октомври

11

750-1000 мкд

20:00

А1 Арена Борис Трајковски

КОНЦЕРТ НА АРХАНГЕЛ – ТАКСИРАТ #22

30 ГОДИНИ ЉУБОВ

Највлијателнатa фигурa во културниот живот на нашите простори, со уметничко влијание поголемо од било која жанровска дефиниција – Архангел, ќе настапи на Таксират Фестивал #22. Концертот ќе се одржи на 11-ти октомври 2020-та година во СЦ “Борис Трајковски”. Архангел е дел од најзначајните македонски остварувања на сите времиња и претставува темелник на домашната урбаната музика. Групата во својата кариера издава четири албуми: Архангел 1 и 2, Heart Core и Небесна машина, преку кои стекнува култен статус како една од најголемите и најквалитетните македонски рок групи. Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со цел запазување на мерките за заштита од корона вирусот. Носењето на маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот настан, а сите билети се исклучиво за седење.

Капацитетот на просторот и билетите се ограничени.

Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со цел запазување на мерките за заштита од корона вирусот.