info@karti.com.mk

ANDREA MIRČESKA QUINTET / NDUDUZO MAKHATHINI

Октомври

17

800 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

ANDREA MIRČESKA Lullaby for Lunatics
ANDREA MIRČESKA – бас, вокал
NINOSLAV SPIROVSKI – тенор и сопрано саксофон
BLAGOJČE TOMЕVSKI – бас кларинет
FILIP BUKRŠLIEV – гитара
DRAGAN TEODOSIEV - тапани

Андреа Мирческа е контрабасистка родена во 1998 година и активна изведувачка на современата и импровизаторската сцена во Македонија. Нејзината работа опфаќа состави како Taxi Consilium, Дина Јашари, Пијан Славеј, Зарина Првасевда и многу други, како и активно учество во развојот на македонската алтернативна сцена. Во 2019 година, Мирческа ја добива наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез музичар. Се појавува на околу десет изданија, објавени преку издавачки куќи како SJFRecords, PMGJazz и Aksioma. “Lullaby for Lunatics” е нејзин прв проект кој ги поврзува композицијата и импровизацијата, обединувајќи различни звучни светови. Репертоарот главно се состои од авторски композиции, надополнети со преработки на дела кои оставиле длабока трага врз нејзиниот музички вкус, меѓу кои „Lonely Woman“ од Орнет Колман и „Freedom“ од Чарлс Мингус. Композициите се развиваат преку контрабас, пијано и вокал, додека останатиот дел од составот го преобликува материјалот преку сопствените инструменти, при што импровизацијата, слушањето и довербата стануваат важен дел од процесот.

NDUDUZO MAKHATHINI
Nduduzo Makhathini - пијано
Dalisu Ndlazi - бас
Lukmil Perez - тапани

Ндудузо Махатини е јужноафрикански композитор, пијанист и научник. Неговиот звук е обликуван од народната музика на народот Зулу, со мелодиска линија на влијание Абдула Ибрахим и пијанистички влијанија од Мекој Тајнер. Денес, тој е еден од најпрепознатливите гласови во современиот џез. Махатини изгради богата дискографија независно и преку различни издавачки куќи, пред да го направи својот меѓународен пробив и да потпише со Blue Note во 2020 година. Оттогаш, има издадено четири албуми за Blue Note, соработувајќи со уметници како Винтон Марсалис, Шабака Хачингс, WDR Big Band и Блек Кофи, меѓу другите. За Махатини, настапот е ритуал кој бара вистинска ангажираност од публиката. Токму затоа, тој продолжува да ги исполнува концертните сали и фестивалите ширум светот. Неговиот најнов албум, „The Myth We Choose“, објавен во јуни оваа година и копродуциран со неговиот син Тинго, го спојува американскиот џез во потрага по духовност со најпрепознатливите елементи на јужноафриканскиот џез и раздвижувачките ритми на афро-кубанската музика, носејќи ја неговата музика чекор понатаму кон современите звуци на модерниот џез. Со глас кој е непогрешливо свој, Махатини ќе ја донесе својата музика и нејзината духовна димензија на сцената на 45. Скопски џез фестивал.