ANCIENT METHODS / ENHALON FESTIVAL
Наша огромна чест е да го најавиме неговиот настап на првото издание од Енхалон фестивал, не само како гигант на техно музиката и еден од најзначајните DJ-и на денешницата, туку и како креативен, морален и соничен патоказ на нашите заложби, визии и надежи за музиката и културата во Македонија.
Пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Еден од ретките продуценти кои со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, се до класична, медитативна и психоделична музика. Препознатливиот библиски симбол на Ancient Methods - Хорните на Ерихон истовремено алудираат на масивната кинетичка сила присутна во неговата музика, но и на светата моќ на музиката да ги уништува ѕидовите, границите и предрасудите помеѓу луѓето.