info@karti.com.mk

АНА & ИГОР ДУРЛОВСКИ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

Декември

17

1000-1400 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

АНА & ИГОР ДУРЛОВСКИ

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ

(јубулеј – 25 годиниуметничка дејност)

Диригент: Ана Спасовска 

Настапува симфонискиот оркестар “Ајга”

Концертот, во едно поинакво руво, ќе ги донесе едни од најубавите љубовни песни од македонската музичка традиција.
Нивната навидум едноставна лирика, полна со скриени пораки, нивната звучна колоритност, како и силната експресија на народниот бит врежан во нашата колективна меморија, едноставно – нивната магија, овој пат ќе биде донесена во едно поинакво руво. Љубовта, онаа наивна, чиста, недопрена, онаа остварената, но и неостварената, копнежот, страста, а од друга страна зависта, па и болеста и смртта, или чувството на љубовта во сите нејзини варијанти, ќе биде испеано од славните оперски грла на Ана и Игор Дурловски. Уникатноста на овој музички настан ја дава токму спојот на италијанското бел канто, со кое се посветува внимание на убавината на тонот, со звуците на традиционалната мелоритмика.Автор на сите аранжмани е македонскиот истакнат композитор Сони Петровски.