info@karti.com.mk

Ана и Игор Дурловски – Завет

Декември

06

1000-2400 мкд

20:00

Спортски центар „Јане Сандански”, Скопје

Ана и Игор Дурловски – Завет

Два светски гласа – еден Завет: Ана и Игор Дурловски со свој најголем концерт досега во Македонија!
Пасворд Продукција има особена чест да го најави и организира најголемиот концерт досега на двата најголеми оперски гласа кои Македонија му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски!

На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“, Ана и Игор Дурловски, придружувани од 100 македонски музичари од големиот симфониски оркестар „Ајга“ и нивните пријатели ќе приредат ексклузивна концертна вечер во која ќе се спојат безвременските теми од филмската музика, ремек-делата од оперскиот репертоар и богатството на македонското музичко наследство – сите во комплетно нови аранжмани.

Низ двочасовниот концерт, Ана и Игор премиерно ќе ви презентираат дела преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а со музичка поддршка на 100 музичари под диригентската палка на диригентката Ана Спасовска.

Ќе пропатуваме заедно низ светот на филмот, од Shallow, Parla piu’ piano и The Book of Love, до оперската класика Кармина Бурана, за повторно да ве вратат дома до легендарниот Тоде Новачевски и темата од Tрст виа Скопје, па на крај сите заедно да си спомнеме за “Дејгиди луди млади години”.

За крајот на 2026-та еден е изборот, ЗАВЕТ – „од светот до изворот“.
Настан што не се случува секој ден, светски спектакл со она што Македонија го има како најдобро, ЗАВЕТ со македонски уметници на македонско тло!