info@karti.com.mk

Amorphis - Halo Tour 2023

ноември

02

1200 мкд

19:00

МКЦ

Amorphis - Halo Tour 2023

Култниот фински метал бенд AMORPHIS пристигнува во Скопје во склоп на актуелната европска турнеја со која го промовира својот најнов албум „Halo“! Во организација на Password Production и како дел од јубилејниот 25-ти „Таксират“, на 2 ноември во Младинскиот Културен Центар, AMORPHIS ќе одржат концерт на кој како специјален гостин ќе настапи исландската метал-институција SÓLSTAFIR, и модерните фински металци LOST SOCIETY како предгрупа.
Триесет и една година по нивното создавање, со безброј глобални турнеи зад себе и четиринаесет албуми во својот творечки опус, AMORPHIS докажуваат дека тие сѐ уште се музичкиот извор на вечната младост, извонреден бенд кој постојано го надградува својот израз без да ги напушти мистичните корени. „Halo“, кој се пласираше на прво место на финската и трето место на германската листа на албуми е извонредно студиско издание со кое финците го зацврстуваат својот статус на пионери на сцената како еден од најоригиналните, културолошки најрелевантните и најнаградувани бендови што некогаш се појавиле од земјата со илјада езера. Со „Halo“, тие испорачаа неверојатен албум кој заслужува да се свири секаде и кој со својата огромна длабочина и музикалност ја трансцендира сферата на метал и рок музиката.