info@karti.com.mk

AMARO FREITAS TRIO GORAN KAJFEŠ SUBTROPIC ARKESTRA

октомври

15

600 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

AMARO FREITAS TRIO / GORAN KAJFEŠ SUBTROPIC ARKESTRA

AMARO FREITAS TRIO

Amaro Freitas - пијано

Jean Elton - контрабас

Hugo Medeiros – тапани, перкусии

www.amarofreitas.com

Искачувајќи го патот од фавелите на Ресифе во североисточниот дел на Бразил до светска џез-икона, Амаро Фреитас неуморно работеше за да стане она што е денес - еден од клучните претставници на новата генерација џез-пијанисти. Инспириран од неговиот најблизок културен супстрат – maracatú, frevo, baião, музиката на Хермето Паскоал и Гизмонти, како и онаа на Паркер, Монк, Колтрејн и Чик Кореа, тој внимателно го моделираше својот стил. Подготвен да ги преиспита традиционалните структури на џезот, Амаро Фреитас поседува звук што ќе ви овозможи да го откриете пијаното на еден нов начин. Стекнувајќи поширок интерес за својот „толку уникатен пристап кон инструментот што е потресно“ (Downbeat), неговите први два албума “Sangue Negro” (2016) и “Rasif” (2018) наидоа на бран молскавични признанија и пофалби. Во последните неколку години тој соработуваше, меѓу другите, со Кристијан Скот, Ленине и Милтон Нашименто. Неговиот нов албум “Sankofa” - духовна потрага по заборавените приказни, античките филозофии и инспиративните фигури на т.н. црн Бразил - е неговото најубаво и најискрено дело досега. Како и на албумот, на концертите Амаро го придружува неговата неверојатно талентирана ритам секција: Хуго Медеирос на тапани и Жан Елтон на бас, со кои има настапувано во низа реномирани клубови и фестивали низ Европа и САД.

 

GORAN KAJFEŠ SUBTROPIC ARKESTRA

Goran Kajfes - труба

Jonas Kullhammar – тенор саксофон, флејта

Per ”Ruskträsk” Johansson – баритон и сопранино саксофон, флејта

Jesper Nordenström - пијано, оргуљи, синтисајзер

Reine Fiske - гитара

Johan Berthling - бас

Johan Holmegard - тапани

www.gorankajfes.com

Шведскиот трубач, композитор, аранжер и продуцент со хрватско потекло, Горан Кајфеш, предизвика невообичаена возбуда и радост со неговиот Subtropic Arkestra, веројатно најдобриот од многуте бендови со афробит, етио-џез и биг-бенд фанк влијанија. Иако постојано си поигруваат со жанровите, несомнено е дека џезот, во сите негови чудесни облици, е главната состојка на нивната музика. Што не е изненадувачки со оглед дека бендот го сочинуваат некои од најдобрите шведски џез музичари, како што се Јонас Кулхамар, Јохан Бертлинг и Пер 'Русктрас' Јохансон. Во последниве години овој еклектичен џез колектив освои Греми и низа пофалби од светската публика, како и од музичката критика (Uncut, Mojo, Wire, The Guardian, New York Times и Jazz Journal) за нивната албумска трилогија „The Reason Why“. Бендот допира најразновидни културни пејзажи: ерменски фолк танц, турски психоделичен фанк, весела бразилска музика, шведски експериментален рок од 70-тите, нигериски афробит, етиописки звук, американски инди-рок, космички џез во стилот на Sun Ra и многу, многу повеќе! Без разлика од која точка започнува музичкото патување, музиката е претставена со неверојатна страст и сензуална свежина што го прави овој бенд нешто навистина посебно. Subtropic Arkestra е врвен доказ дека музиката го прави животот вреден за живеење.