info@karti.com.mk

АЛКОНОСТ - Концерт на вокална музика од словенски автори

февруари

04

300-400 мкд

19:00

Филхармонија - мала сала

АЛКОНОСТ - Концерт на вокална музика од словенски автори

Името на птицата од старословенска митологија АЛКОНОСТ , која со своето пеење ги прави среќни и радосни сите што ја слушаат, му го даде името на овој концерт.

Концерт на вокална музика  од словенски автори од Македонија, Русија, Чешка, Бугарија, Србија, Украина и Хрватска.

Овој голем проект ќе го презентираат студенти од музички академии во државата,  солисти и членови на хорот од НУ Национална опера и балет во прекрасната Камерна сала на Филхармонија.

Учествуваат: Ивона Нацевска,  Билјана Камчева, Марија Наумовска - Бакревски, Марко  Димовски, Јане Дунимагловски, Бобан Рајчиноски, Борко Биџовски, како и Марина Јаневска, Мартина Митревска, Јулијана Деспотоска, Мила Николовска, Марија Ташевска, Андриана Петровски и Никола Давидовски.

Во нивните изведби ќе можете да ја слушнете душата на словенските народи... И во тие мигови ќе почуствувате како пееше Алконост!..

 Автор на проектот, пијанист и водител - корепетитор во НУ Национална опера и балет м-р Елена Сиљаноска.

Гости на концертот:

Мартина Јаневска  – виолончело

Билјана Петровска - пијано

Игор Бакревски - кларинет

Дарко Мариновски – пијано

Концертот ќе се одржи на 4 февруари (сабота) во 19.00, Камерна сала на Филхармонија.