AGOTANGO – The Echo of The Tango Story
Вечер во која музиката и танцот стануваат едно.
AGOTANGO е уникатно концертно доживување кое ја пренесува магијата на аргентинското танго на сцената преку две концертни пијана и танго настап. Овој настан е продолжение од концертната турнеја „The Tango Story“, претворена во нова, подлабока и поинтимна форма.
На сцената ќе оживеат безвременските танго композиции, изведени со исклучителна чувствителност и страст, додека интерпретацијата на танго уметниците ќе ја раскаже приказната која зборовите не можат да ја искажат.
✨ На пијано:
проф. Ајхан Куртов
проф. Дуња Иванова
✨ Танго интерпретација:
маестра Владанка Колева
маестро Онур Мок
од Центар 2 1 3.мк
Секој тон, секој чекор и секоја пауза создаваат атмосфера што не само што се гледа — туку вистински се чувствува.
📍 Салон 19:19, Скопје
📅 18 Јуни (четврток)
🕗 Почеток во 20:00 часот
Цена на билет: 480 денари
🎟 Бројот на места е ограничен — обезбедете го вашето место навреме.