42. SKOPJE JAZZ FESTIVAL
JAN BANG & ARVE HENRIKSEN - AFTER THE WILDFIRE
feat. DZIJAN EMIN & FAME’S INSTITUTE ORCHESTRA
Jan Bang - композитор, live sampling
Arve Henriksen - композитор, труба, вокал
Dzijan Emin - аранжер, диригент
Ingar Zach – перкусии
Geir Østensjø - звучен инженер
+ Fame’s Institute Orchestra
After the Wildfire е дело за оркестар, специјално, исклучиво за оваа прилика, компонирано од Арве Хенриксен и Јан Банг како солисти, заедно со перкусионистот Ингар Зак. Музиката е аранжирана и под диригентство на Џијан Емин за F.A.M.E.S. Institute Orchestra, а премиерно ќе биде изведенa на отворањето на 42. Скопски џез фестивал. Јан Банг е реномиран норвешки музичар, композитор, продуцент и професор, како и уметнички директор на познатиот Punkt Festival. Тој е еден од најуспешните и највлијателните продуценти во Норвешка и своевиден музички иноватор. Арве Хенриксен е веројатно најсестраниот норвешки музичар од неговата генерација, познат по извонредно уникатниот и индивидуален звук на трубата. Тој е, во исто време, еден од најелоквентните соработници во современата музика, кој има работено со огромен број светски музичари, како: Дејвид Силвијан, Џафер Јусеф, Џон Хасел, Хоуп Сандовал, Лори Андерсон, Џон Пол Џонс, Руичи Сакамото, Јон Балке, Мерлин Мазур, Арилд Андерсен и многу други. Банг и Хенриксен првпат настапија на Скопскиот џез фестивал во 2009 година, во иста вечер со покојниот Џон Хасел, а Банг едновремено беше дел и од бендот на Хасел. After the Wildfire се состои од осум дела напишани за труба, семплер, оркестар, перкусии, кавал, зурла и глас. Концертот го вклучува норвешкиот тапанар Ингар Зак, како и некои од најдобрите македонски пејачки и кавалџии.