+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



AFTERDARK SO ANJA SCHNEIDER, MIHAI POPOVICIU, EDDIE RICHARDS

август

01

700 мкд

22:00

Плажа Оревче



AFTERDARK SO ANJA SCHNEIDER, MIHAI POPOVICIU, EDDIE RICHARDS

AFTERDARK SO ANJA SCHNEIDER, MIHAI POPOVICIU, EDDIE RICHARDS

 

Кафе Пабло од Скопје во партнерство со dy-na-mix и ова лето во Охрид, орагнизираат забава под име ‘After dark’ којa ќе се одржи на 1ви Август 2018год. на која ќе гостуваат неколку еминентни имиња од светската музичката денс сцена.

Anja Schnеider DJ, радио презентер од Берлин, ко-сопственик на легендарниот музички лејбел Mobilee, креативна сила и ментор на голем број звучни имиња како Pan Pot, Sebo K, Maya Jane Coles итн. Една од ретките дами во електронската музичка индустрија со над 20 годишно искуство која неуморно се стреми да ја сподели својата пасија кон музиката преку својата издавачка куќа, радио брановите, и неделните DJ настапи по светот, а при тоа успешно жонглирајќи помеѓу семeјството и кариерата.

Mihai Popoviciu од Романија е еден од најиновативните имиња од Источна Европа кој од 2005год со своето прво издание на International Gigolo Records па наваму, издава музички изданија на респектирани музички издавачки куќи како Fear of Flying, Diynamic, Poker Flat и Highgrade од Берлин. Mihai е еднакво добар и успешен DJ како и продуцент, а ова лето за прв пат заедно со Anja ке настапат во Македонија како дел од музичкиот настан на Плажата Оревче во Охрид.

Eddie Richards, типичен пионер на денс музиката и „британскиот основоположник на хаусот и техното“ (Mixmag) е еден од првите диџеи кои ја промовираа хаус музиката во осумдесетите и кој израсна во клучна фигура на новото музичко и културно движење во светски рамки. Eddie Richards се истакнува како лидер на моментално феноменалниот пазар на тек-хаус звукот, но во реалноста тој само пушта затрашувачки добра музика која со децении ги придвижува подиумите низ светот.

 

Вечерта ќе ја отвори Илина Ангеловска од Скопје.