info@karti.com.mk

 

A1 Drive-in кино од 29 септември до 5 октомври 2020 г. на отворен простор на паркингот на А1 Арена (СЦ Борис Трајковски)

Во месецот на одбележувањето на првиот роденден од воведувањето на брендот А1 на македонскиот пазар, компанијата А1 Македонија подготви уште едно во низата изненадувања, овој пат сосема ново искуство за љубителите на кино-проекциите со 7 врвни филмски наслови.

Посетителите, од своите автомобили ќе ги следат филмовите што ќе се прикажуваат на специјално проектно платно со DCP проектор, додека звукот што ќе се емитува преку FM фреквенција ќе го следат преку радио уредот во својот автомобил.

Влезот за секоја поединечна проекција е бесплатен, единствено е неопходно претходно да направите резервација. Резервациите за секоја проекција може да ги направите најдоцна до 12 часот на денот на проекцијата.

Една резервација се однесува само за еден автомобил и може да гласи само на едно лице.

Согласно мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, посетителите во возилото треба да носат заштитни маски доколку не се членови на исто семејство.

Влезот во арената Drive-in е од 19:30 до 20:30 часот, а проекцијата започнува во 21 часот.

При влезот ве молиме покажете ја резервацијата на вашиот мобилен телефон или во отпечатена форма. Пристигнатите возила се распоредуваат на паркингот според времето на пристигнување. Со оглед на условите што ги нуди просторот, ве известуваме дека влезот е овозможен само за автомобили, а не за комбиња, мотори и велосипеди.

Настанот е организиран согласно сите официјални мерки и препораки за одржување настани на отворено со цел заштита и превенција од КОВИД-19.

Задолжително е почитување на мерките.

Резервациите за сите проекции се бесплатни.