Концерт на руски романси по повод 30-годишниот јубилеј на „Романсијада“!
Музика која не носи само естетско задоволство, туку допира до длабочините на душата – возбудува, смирува, охрабрува, разнежува, растажува и нè убедува дека не е сè толку лошо во нашиот свет...
Ќе звучат класични и салонски романси, дела од современи автори и композиции од филмови – нешто што е добро познато на нашата публика, но и нешто што досега не е слушнато!
Учесници се победници и лауреати на натпреварот, пејачи кои ја претставуваа нашата држава во Москва, членови на Хорот на Националната опера, како и талентирани млади вокалисти и инструменталисти.
Пијанист и водител на концертот е корепетиторот во Националната опера и балет и автор на проектот „Алконост“ – Елена Сиљаноска.
🎵 Времетраење: околу 90 минути
📅 14 октомври (среда) 2026 година
🕗 Почеток: 20:00 часот
📍 Камерна сала на Филхармонија
🎟️ Цена на билет: 400 денари