info@karti.com.mk

30 Години ФОЛТИН – Јубилеен Концерт во Хераклеа

Август

29

600 мкд

20:00

Антички Театар, Хераклеја - Битола

Голем јубилеен концерт во Битола

30 години концерти.

Од малите клубски сцени, до концертните сали и фестивалските бини низ Европа, Фолтин создаваат свој уникатен свет – место каде што се среќаваат звукот, имагинацијата, хуморот и емоцијата.

Оваа година, Фолтин слави 30 години 30 години музичка слобода и жива врска со публиката со голем јубилеен концерт во Битола – градот каде што започна една од најавтентичните музички приказни на овие простори.

Вечер исполнета со најпознатите песни, нови музички изненадувања и енергијата на бенд кој три децении ја гради својата публика – генерација по генерација.

Ги славиме луѓето, годините, песните и сите моменти што нè поврзаа.

Фолтин 30 години – една приказна, илјадници срца, една сцена.