ЗВУЦИ И ТИШИНА: ПАТЕШЕСТВИЈA СО МАНФРЕД АЈХЕР
Режија: Норберт Вајдмер и Питер Гајер
Земја: Швајцарија
Времетраење: 90 мин.
Манфред Ајхер е основоположник и главен музички продуцент зад една од најпознатите независни музички издавачки куќи ЕСМ. Основана во 1968 г, оваа куќа може да се пофали со едни од најпопуларните имиња од историјата на џезот како Кит Џерет, Јан Гарбарек, Пет Метини, Гери Бартон, Еберхард Вебер, Чик Корија, Дејв Холанд и уште многу други, како и од современата класична музика: Стив Рајш, Арво Перт, Елени Каринду. Секое издание на ЕСМ е карактеристично по тоа што на едно место се среќаваат најдоброто од визуелните уметности со ауралните. Човекот кој тоа го постигнува е Ајхер кој патува насекаде по светот и ги снима овие музичари. Во овој филм, прикажани се неговите патешествија и работа со музичари во период од 5 години.