ZOSTER И KI
True sound of Kamenica
Три години подоцна и со уште повеќе енергија Zoster се враќаат во Македонска Каменица!
Бендот чии live настапи се доведени до перфекција доаѓа на True Sound of Kamenica Festival 4 и од нашата фестивалска сцена уште еднаш ќе испратиме порака дека се потребни силни општествени промени. Ќе испратиме пораки за поголема толеранција, мир, прогрес, афирмација, љубов и едукација.
На 11-ти август, Македонска Каменица повторно ќе звучи фино и на вистински начин ќе промовираме вистински вредности и урбана култура. Македонскиот бенд KI, пак, за првпат ќе настапи на нашиот фестивал и ќе покаже зошто е еден од најреспектираните и најнаградуваните бендови на сите регионални фестивали.
Резервирајте си го датумот! Zoster и KI сега, па којзнае кога!