ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА!
Убава Вест!
Почитувани пријатели на добрата забава и чистиот воздух,
За сите оние кои не успеаја или не беа информирани за продажбата на билетите Златна Бубамара на популарноста 2018, ве известуваме дека во среда на 31 јануари 2018 година во онлајн продажба во точно 12:33 часот ќе се пушти во продажба последниот контингент билети.
ЗЛАТНА БУБА МАРА НА ПОПУЛАРНОСТА, 21 издание во 21 век
ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ
Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува - добра забава!
Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!
Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот!
Златна Бубамара ќе се оддржи за последен пат оваа година и за прв пат во Вип Борис Трајковски. Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан.
Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!!
Музичкиот спектакл ќе се оддржи на 22.февруари, а традиционално - сценариото, наградените и учесниците се наше дискреционо право.