info@karti.com.mk

„ЖИЗЕЛ“ – БАЛЕТСКА ПРЕМИЕРА 03.11.2021

ноември

03

600-1000 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

„ЖИЗЕЛ“ – БАЛЕТСКА ПРЕМИЕРА

ПРЕМИЕРА
Адолф Адам
ЖИЗЕЛ
3.11.2021
Почеток: 20.00 ч.

Диригент: Иван Еминовиќ
Кореограф: Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски
Адаптација: Ирена Пасариќ (Хрватска)
Сценограф: Александар Ношпал и Михајло Стојановски
Костимограф: Александар Ношпал
Асистент костимограф: Ангела Богеска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Светло дизајн: Милчо Александров
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска
Фотограф и дизајнер: Емил Петров

Настапуваат:
Жизел: Мими Поп Алексова Атанасовска
Алберт: Бобан Ковачевски
Хиларион: Игор Веланоски
Мирта: Ивана Коцевска
Па де де: Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија)
Мајка: Марија Јосифовска Ристовска
Батилда: Марија Брдароска
Гроф: Александар Петковски
Придружник на грофот: Драган Кочоски

Пријателки:
Дијана Стојановска, Бојана Христовска, Меланија Гоцевска, Теодора Ставревска, Виолета Карајанова, Наташа Трендафилова Гицев
Валс и Селска игра
Жени: Цветанка Максимовска, Марија Глигорова, Бистра Иванова, Симона Митовска, Илијана Данилов, Ивана Димкоска, Матеа Каревски, Андријана Богатиноска, Исидора Китановиќ, Мартина Димкоска, Мартина Цветкоска
Mажи: Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Николас Орсо, Борјан Тетиев, Бојан Димовски, Веселин Трајковски, Марин Анчевски, Христијан Сарафов
Две вилиси: Бојана Христовска, Виолета Карајанова, Наташа Трендафилова Гицев
Вилиси:
Марина Анастасовска, Дијана Стојановска, Цветанка Максимовска, Maрија Глигорова, Стефанија Кузмановска, Бистра Иванова, Бранкица Јовеска, Симона Митовска, Илијана Данилов, Ангела Богатинова, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Андријана Богатиноска, Матеа Карески,Теодора Ставревска, Исидора Китановиќ, Мартина Димовска
Свита:
Мажи: Виктор Караев,Стефан Кочовски, Дарко Балевски, Димитри Павловски
Жени: Маја Каревски, Катерина Стевковска, Анита Чаволи, Наташа Ристиќ
Штитоносци: ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“

Настапува оркестарот на Националната опера и балет

ЖИЗЕЛ
Синопсис
Балетот Жизел е романтичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.

Првиот чин ја прикажува средбата на Жизел-девојка од село и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Таа безгранично се вљубува во него, но не знае дека тој е благородник. Шумарот Хиларион, кој исто така ја сака Жизел, дознава за потеклото на грофот и кога неговата свита доаѓа во градот, меѓу кои и неговата свршеница Батилда, тој го разоткрива Алберт пред сите. Жизел не можејќи да ја прифати лагата за лажната љубов умира од болка.
Вториот чин ја прикажува играта на самовилите, кои всушност се девојки кои умираат пред својата свадба. Тие преку ноќ излегуваат од своите гробови и танцуваат. Секој што ќе ја види нивната игра мора да умре.
Таа ноќ во шумата доаѓа Хиларион, а потоа и Алберт и ја искажуваат својата љубов на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел, која со него игра до раните зори. Кога сонцето изгрева самовилите исчезнуваат.
*************************************

📌Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
📌Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
📌Задолжително е носење на заштитна маска.