info@karti.com.mk

Жена ми се вика Борис

декември

19

300 мкд

20:00

Театар Комедија

Жена ми се вика Борис

zena mi se vika boris - teatar komedija 

„Жена ми се вика Борис“ е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чиишто текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени насекаде низ светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна лиценција поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме. Комедијата „Жена ми се вика Борис“ (со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“) е современа хит-претстава со калабалак од заплети, замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина.

Инаку, овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија – проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото... – се вонвременски.

Организатор на настанот: Театар Комедија