info@karti.com.mk

5+ Бенд на Здраво Млади

септември

01

150 мкд

12:00

МКЦ

5+ Бенд на Здраво Млади

 

Здраво, здраво Млади,
Со голема радост споделуваме дека оваа година во рамки на „Јуниор програмата“ на Здраво Млади ќе настапат нашите драги пријатели од ТВ серијата „5+ Фамилија“.

5+ Бенд на „Здраво Млади“!!!

5+ Бенд ја сочинуваат омилените ликови Петко, Цветко, Лина, Комшо и сите останати од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија“, што веќе 10та година е во македонскиот етер. Песните кои се наоѓаат на репертоарот на 5+ Бенд се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег на многу генерации.

На фестивалот „Здраво Млади“, 5+ Бенд ќе ги изведат познатите хитови со милионски прегледи на YouTube Фамилија, Кул, Сите сме еднакви, и многу други со кои децата и родители ќе може да шизат и да уживаат во забавата.

Една од омилените преработени песни на децата е и песната Маскенбал, преработка на хитот „Здраво Млади“.

Се гледаме на 1 септември од 12ч. на „Здраво Млади“!

*Напомена дека родителите кои имаат карта за вечерната програма на „Јуниор програмата“ влегуваат со истата (важи и за Јуниор и за вечерна програма), а за секое дете ќе треба да доплатат по 100 денари.
Овие билети можат да се набават САМО на Билетарница МКЦ и треба да се приложи карта за Здраво Млади која во моментов изнесува 600 денари.

**Билетарницата на МКЦ до 16ти август ќе работи од 16:00 до 20:00.

***Бројот на билети е ограничен. Набавете си билет на време.

Се гледаме во МКЦ, се гледаме на Здраво Млади