+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



Викенд на мртовци

декември

18

300 мкд

20:00

Театар Комедија



Викенд на мртовци - Претпремиера

teatarska pretstava vikend na mrtovci - teatar komedija 

Организатор на настанот: Театар Комедија

Темата за луѓето е; светла и јасна како ден, а толку темна и нејасна како ноќ: сите проблеми со кои се соочува едно семејство во период на смрт на член од истото семејство.

Болката е на прво место секако, но што се можеме да сториме во тој период ние за да го направиме нештото подобро? Веројатно ништо... Можеме да тагуваме и да ја прифатиме или да ја негираме смртта... или пак да направиме на крајот како што правеле сите од порано и ни кажале и ние да правиме... Ете, така на овој трет начин веројатно е најдобро да се справиме со истата.

Или пак можеби; на крајот од се; би било попаметно да ги здомиме живите кои немаат дом, отколку да ги здомиме во нов, мртвите кои веќе имаат, тоест имале, тоест повеќе не постојат...

Море живејте што поубаво сите додека можете и така на крајот... „Сите ќе умрете, некој после некој сега“... „Никој не живее вечно“...

Ова е претстава за живите денес кои се справуваат со смртта... Значи, ова е претстава за живите...

 

Играат: Роберт Ристов, Магдалена Ризова Черних, Столе Мицов, Жаклина Стевковска, Даријан Петров, Александар Вељановски, Едмонд Сотир, Жарко Димовски, Мирјана П. Ристов, Миа Кантарџиева, Кристина Ласовска.