info@karti.com.mk

ТУРАНДОТ – ЏАКОМО ПУЧИНИ

мај

19

500 мкд

20:00

МОБ

ТУРАНДОТ – ЏАКОМО ПУЧИНИ

turandot dzakomo puchini - majski operski veceri

Турандот е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата Турандот од Карло Гоци. Пучини умира и не ја допишува операта, подоцна таа е завршена од Франко Алфано. Светската премиера се изведува во Миланската Скала на 25 Април 1926 година диригирана од Артуро Тосканини. Операта се извела по музиката на Пучини без дополнувањата на Алфано.

Диригент: Иван Еминовиќ
Асс.Диригент : Катерина Стојковска
Режисер / Сценограф / Костимограф: Џанкарло дел Монако (Италија)
Светло дизајн: Волфганг фон Цубек (Австрија)
Кореограф: Саша Евтимова
Асс. Режисер: Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Концерт мајстор: 
Асс. Хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

НАСТАПУВААТ:

Турандот: Весна Гиновска Илкова
Калаф: Ѓорги Цуцковски
Лиу: Сандра Митровска
Тимур: Владимир Саздовски
Пинг: Кристијан Антовски
Панг:
Понг: Дејан Стоев
Мандарин: Диме Петров
Алтоум: Марјан Николовски
Хорот, оркестарот и балетски ансамбл на МОБ

Испициенти:  ЉупчоПолизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Павлина Здравкова, Светлана Георгиева

 

Синопсис

I ЧИН

Пекинг во времe од приказните. Во близината на Забранетиот град на еден плоштад исполнет со луѓе еден мандарин ја чита царската заповест: секој принц кој има намера да се ожени со принцезата Турандот мора прво да одговори на три загатки. Тој што нема да ги одговори загатките ќе ја загуби главата. Последниот кандидат, Персискиот принц, треба да биде погубен таа ноќ кога ќе изгрее месечината. Граѓаните жедни за крв ги поттикнуваат џелатите да побрзаат. Во настанатата врева и турканица младата робинка Лиу бара помош за својот остарен господар кој е турнат на земјата. Едно младо момче во него го препознава својот одамна исчезнат татко Тимур, поразениот татарски крал. Старецот му кажува на својот син, принцот Калаф, дека единствено Лиу му останала верна. Момчето го интересира причината за нејзината верност, а одговорот на девојката е: некогаш одамна, Калаф и се насмевнал. Толпата повторно вреви и бара крв но се појавува месечината и наеднаш настанува страшен молк. Злосреќниот кандидат за царски зет го носат да го погубат. Народот моли Турандот да му го поштеди животот. Се појавува принцезата која со презир наредува погубувањето да продолжи. До толпата народ од далечина доаѓа врисокот на човекот што умира. Убавината на Турандот целосно го обзема Калаф па тој одлучува да ја освои и таа да му стане невеста.   Калаф поаѓа кон гонгот со кој се објавува пристигнувањето на нов кандидат.   Обидите на тројцата министри на Турандот, Пинг, Панг и Понг, да го обесхрабрат момчето се надополнети со молбите на Тимур и расплаканата Лиу. Но сè е залудно, Калаф го удира фаталниот гонг и го извикува името на Турандот.

 

II ЧИН

Пинг, Панг и Понг тажат поради крвавото владеење на Турандот. Тие се молат љубовта да надвладее во нејзиното студено срце и да се врати мирот во земјата. Но стварноста е сурова и народот се собира да ја слушне загатката што Турандот ќе му ја постави на најновиот кандидат. Стариот император Алтум седи на престолот во царската палата и го повикува Калаф да се откаже од намерата но неговите обиди не вродуваат со плод. Влегува Турандот и ја раскажува приказната за нејзиниот предок – принцезата Лу Линг која безмилосно ја убил некој принц освојувач. Во знак на одмазда, Турандот се свртила против сите мажи решена никој никогаш да не ја поседува. Таа ја поставува првата загатка: “Што е тоа што се раѓа секоја ноќ и умира секое утро?” “Надеж” точно одговара Калаф. Вознемирената Турандот продолжува: “Што е тоа што светка црвено, жешко е како пламен, но сепак не е оган?”  После кусо размислување Калаф одговара: “Крв”. Турандот е потресена но ја поставува и третата загатка: “Што е тоа што е како мраз но гори?”  После момент на напнатост и молк Калаф триумфално извикува: “Турандот!” Народ му е благодарен на небото за среќниот исход. Турандот залудно го преколнува татка си да не ја напушти и да не ја дава на туѓинец. Калаф широкоградо и нуди на Турандот нов облог. Сега е нејзин ред таа да одогвори на една негова загатка. Ако успее да го открие неговото име пред да зазори тогаш тој ќе и го предаде својот живот.

 

III ЧИН

Во градината на царската палата Калаф дознава за прогласот на Турандот: никој во Пекинг не смее да заспие се додека таа не го дознае името на странецот, во спротивно ќе летаат глави. Принцот размислува за среќата што го очекува, а Пинг, Панг и Понг се обидуваат да го поткупат и да го откажат од облогот. Заплашената толпа со исукани мечови му се заканува на Калаф за да го дознаат неговото име. Во тој момент војници ги довлекуваат Лиу и Тимур. Калаф е преплашен и се обидува да ги убеди луѓето дека тие не ја знаат неговата тајна. Се појавува Турандот и му заповеда на Тимур да проговори. Лиу низ плач извикува дека таа е единствената која го знае идентитетот на туѓинецот.   Иако ја мачат таа сепак останува нема.   Турандот е импресионирана од истрајноста на Лиу. Таа ја прашува Лиу за нејзината тајна, на што следи одговор: “Љубов”. Принцезата наредува мачењето да продолжи уште пожестоко но тогаш Лиу успева да му го истргне ножот на Калаф и се самоубива.   Тимур и народот скршени од болка следат како го изнесуваат нејзиното тело.   Турандот останува да се соочи со Калаф, а тој конечно ја зема во својата прегратка и ја тера да го бакне. Сигурен во својата победа Калаф го открива своето име.  Народот го поздравува императорот кога Турандот приоѓа кон престолот и објавува дека името на туѓинецот е: Љубов.