+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



THURSTON MOORE

октомври

19

600 мкд

23.59

МКЦ Денсинг Сала



THURSTON MOORE 

thurston moore skopje jazz festival mkc dancing sala 

Организатор на настанот: Skopje Jazz festival

Трстон Мур се сели во Њујорк на осумнаесетгодишна возраст, во 1976-та година, за да свири панк. Во 1980-та ги оформува Sonic Youth. Оттогаш, тој е во првите редови на алтернативната рок-сцена, синтагма којашто беше првпат употребена за да се означи која било музика што ги предизвикуваше и се противставуваше на мејнстрим стандардите. Со Sonic Youth, Мур поттикна цела една генерација да го вреднува експериментирањето во рокенролот - од инспирирањето на Nirvana, што тогаш беа во зародиш, до албумот “Daydream Nation” на Sonic Youth, што во 2006-та година беше избран од библиотеката на Конгресот на САД за историско наследство во рамките на Националниот музички регистар. Трстон снима и настапува во низа дисциплини, движејќи се од слободни импровизации, преку акустични композиции, па сè до black/white metal/noise упади. Има соработувано со Јоко Оно, Џон Зорн, Дејвид Туп, Сесил Тејлор, Ирмин Шмит, Faust, Глен Бранка и многу други. Покрај неговите најразлични активности во музичкиот свет, тој е вклучен во издаваштво и поезија и предава креативно пишување на Универзитетот Наропа во Булдер, Колорадо, училиште основано од Ален Гинзберг и Ен Валдман во 1974-та година. Трстон, исто така, предава музика на Ритмичкиот музички конзерваториум (Rytmisk Musikkonservatorium) во Копенхаген. Во моментов работи и снима соло, со разни ансамбли, како и со својот бенд The Thurston Moore Group.