Straight Mickey And The Boyz & King’s Peach
Концерт на Straight Mickey And The Boyz и King's Peach во МКЦ.
28 декември (четврток), почеток 21:00.
„Straight Mickey And The Boyz се динамичнa, фуриозна тројка, составена од одлични музичари, кои успешно ги имаат истиснато своите влијанија од разни стилови на рок музиката и имаат создадено свој уникатен музички израз.
Од нивното прво појавување во јавноста Stright Mickey And The Boyz презентираат својот groove-eрски торнадо, и многу бргу се етаблираа и собраа солидна база на фанови како во нивниот Белград така и во регионот, и баш поради нивните експлозивни настапи го добија и епитетот на бенд што мора да се види во живо“.
Вечерта ќе ја отвори мистериозното скопско дуо King's Peach